Вие сте тука: Дома > Услуги
Scroller - Services Scroller - Services Scroller - Services Scroller - Services Scroller - Services

ДИЗАЈН И ПОДГОТОВКА [ PREPRESS ]

Несопирлива страст за нови идеи

Денес кога клиентите и потрошувачите се во потрага по совршенство, веруваме дека воодушевувачките резултати водат кон континуирани побарувања.

Водени од пазарните потреби и најновите трендови за дизајн, светот на безграничните идеи станува реалност кога е преточен во уникатно дизајнирани печатени производи.

Oдделот за дизајн и подготовка (prepress) како составен сегмент од севкупниот производен процес, ја претставува неопходната врска помеѓу дизајнот и изработката на крајниот печатен производ. Примената на последните индустриски достигнувања и врвната технологија на Heidelberg Suprasetter CTP системот, овозможуваат унапредена подготовка на материјалите за нивна понатамошна изработка во финален производ.

ПЕЧАТЕЊЕ [PRESS]

Светот се движи брзо. Поради тоа ние треба да се движиме уште побрзо.

Долгогодишното искуство, високо-технолошката конфигурација и унапреден know-how во печатарската индустрија, се нашата основа за реализација и на најспецифичните предизвици во изработката на краен производ кој воодушевува и ги надминува очекувањата.

Континуираното инвестирање во врвната печатарска технологија на германските производители Heidelberg и Roland и примената на најновите индустриски достигнувања, ни овозможуваат конзистентно висок квалитет и брзина во подеднаква мерка.

Со внимание и на најмалите детали во прикажувањето на оригиналноста и умешноста, настојуваме да демонстрираме дека печатењето сé уште преставува есенцијален и релевантен медиум, со бескрајни потенцијали кои следат да бидат откриени.  

Стремежот кон совршенство во создавањето на препознатливи креативни решенија и беспрекорно произведени печатени производи е нашата движечка сила.

ДОРАБОТКА [POSTPRESS]

Синергија во остварување на вашите соништа

Последната алка од производствениот процес, пред навремената испорака на печатени производи до нашите клиенти.

Долгогодишното искуство во сегментот, умешно надополнето со големиот избор на машини за доработка од светски реномирани производители, овозможува комплетна покриеност на сите фази од процесот и достигнување исклучителни резултати.

За секој предизвик, од наједноставна до најимпресивна доработка и сé помеѓу, ние сме тука, сé да направиме да биде возможно на најефикасен и одговорен начин.  

Познавајќи ги и најкомплексните технички барања, овозможуваме широк опсег на специјализирани услуги за доработка кои придонесуваат крајниот производ секогаш да биде единствен и препознатлив.   

Во услугите за доработка, меѓу другото вклучуваме и:

  • Целосно автоматизирано штанцање
  • Прегување и бигување
  • Компјутерско програмирано и контролирано сечење, со автоматска линија за додавање на хартија
  • Центрагување
  • Тунелско штанцање
  • Отиснување на термо метализирана фолија
  • Кламирање
  • Автентично отиснување
  • Пластифицирање
  • Дупчење и ќошкање
  • Виткање, персонализирано лепење и шиење

БЕЗБЕДНОСЕН ПЕЧАТ [SECURITY PRINT]

Безбедноста и интегритетот на клиентите во сржта на секој наш потфат

Заштита на производите на нашите клиенти од копирање, фалсификување и репродуцирање е она за што сме специјализирани.
Посветени на континуирано истражување, анализи за ризици, развој и изработка на напредни решенија за безбедносен печат и автентизирање, гарантираме дека производите на нашите клиенти се доверени во најсигурни раце.
Осигурувајќи нашите клиенти секогаш на време да го добиваат токму она што им е потребно, осмислуваме и имплементираме најразлични, посебно дизајнирани и уникатно интегрирани, целосни печатарски решенија за сите сегменти од индустријата за безбедност на производи.
Нудиме единствени решенија за автентикација на производите, најсовремени технолошки солуции за безбедносен печат, напредни видливи и невидливи карактеристики за заштита, сите воведени за да спречат потенцијални злоупотреби во многу засегнати сфери, како што се:

  • Тутунска индустрија
  • Индустрија за алкохолни пијалоци
  • Фармацевтска индустрија
  • Документи и хартии од вредност
  • Државни институции
  • Банкарство и финансиски институции
  • Производи за широка потрошувачка, итн.

Горди сме на долгогодишните релации градени со клиентите, кои ни ја имаат нам доверено нивната безбедност, што придонесе за обликување на нашето производство, техничка експертиза и конфигурација на решенијата за безбедносен печат до совршенство.

Имајќи ја секогаш безбедноста на сопственоста на клиентите во примарен фокус, сите фази од целиот производствен процес се под постојан 24/7 надзор и заштита, надополнети со високо квалификувани кадри за безбедност и мониторинг, електронски обезбедени и контролирани пристапи, посебни безбедносни протоколи и заштитени зони, во согласност со компаниската политика и барања од ISO системите за управување.

BILLING решенија

Персонализирани комуникациски решенија изработени со брзина на еден клик

Персонализирани сметки, изводи и извештаи, волуменски материјали за директна достава, сите видови на трансакциски и даночни документи – за сé што нашите клиенти сакаат да проследат до своите корисници, ние сме тука да одговориме со брза и безбедна, ефикасна и исплатлива, прецизна и навремена изработка со секогаш беспрекорен квалитет.

Со употреба на нашите специјализирани billing системи, врвна мејлинг опрема и доверлив и посветен персонал, нашите клиенти се секогаш чекор пред конкуренцијата.

Одделно конфигурираниот billing оддел нуди безгранични можности за ефективно и ефикасно исполнување на секое индивидуално барање од клиентите преку:

  • 3 KERN и 1 NEOPOST машини за ковертирање со дневнен капацитет на повеќе од 160.000 ковертирани писма
  • 10 NASUATEC ласерски печатари за брза персонализација и капацитет за изработка на повеќе од 2.000.000 меморандуми дневно
  • Прилагодлив софтвер за следење и вчитување на OCR / Data Matrix / бар кодови
  • Квалификуванa техничкa поддршка расположлива 24/7
  • 24/7 напреден систем за безбедност и надгледување
  • Одделни протоколи за заштита на сопственоста и податоците на клиентот во согласност со законските регулативи

Клучните играчи во областа на телекомуникациите, банкарството, јавните и комунални услуги ни ја имаат доверено изработката на својот billing кој е од суштинско значење за нивниот бизнис. Со унапредена перформанса во справување со милијарди billing документи секоја година, ги штедиме буџетите на нашите клиенти при исполнување на нивните барања и надминување на очекувањата.